Бан Ки Мун: Меѓународната заедница да го запре крвопролевањето во ЦАР

15.02.2014 12:21

Меѓународната заедница мора брзо да реагира за да го запре крвопролевањето во Централноафриканската Република, изјави денеска генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, предупредувајќи дека неконтролираните злосторства и секташкото чистење би можеле да резултираат со повеќедецениски судир.

Бан предупреди дека делови на ЦАР во кои никогаш немало судири сега се вовлечени во судир и оти цели муслимански заедници избегале, и оти се работи „егзодус од историски размери“.

- Темни облаци на масовни злосторства и секташко чистење се надвија над Централноафриканската Република. Мора да дејствуваме заедно и одлучно, и мора да делуваме веднаш за да го спречиме најлошото, рече Бан, предупредувајќи дека на земјата и се заканува ризик за „де факто“ поделба ако насилствата продолжат.

Бан тоа го изјави во дебата за соработка меѓу ЕУ и ОН во која учествуваше и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

- Ако ОН одлучат дека во ЦАР постои потреба за мировна мисија, ЕУ со големо задоволство ќе соработува со вас за да се обезбеди добро усогласена операција на меѓународна помош, рече таа и додаде дека ЕУ планира таму да испрати 1.000 војници.

Во меѓувреме, Франција одлучи да го зголеми бројот на војници во земјата на 2.000, додека панафриканските сили МИСЦА во моментот имаат 5.400 од планираните 6.000 војници во ЦАР