Субвенции: Истекува рокот за поднесување барања за складирење пченица

14.09.2017 10:25

Земјоделците кои ја складираат пченицата од годинешниот род можат да поднесуваат и барања за субвенции. Рокот за доставување на документите истекува утре на 15-ти септермври.

Рокот за поднесување на барањата за субвенции за сите мерки завршува на 15-ти септември. До истиот датум теба да ги поднесат документите за складирање и земјоделците кои имаат намера подоцна да ја продаваат пченицата.

Субвенцијата за складирање може да ја користат евидентираните земјоделски стопанства со пријавени површини со пченица кои ја имаат предадено на складиштење од 1-ви август до 1-ви септември 2017-та година. Услов е пченицата да биде наменета за продажба, а не за сопствени потреби.

Финансиската поддршка се добива за покривање на 80 проценти од трошоците за складирање во силосите.

Барањата се поднесуваат во Платежната агенција со договор за складирање, потврда колкаво количество е преземено за чување и извештај за квалитетот на пченицата.

Корисниците на финансиската поддршка до Платежната агенција треба да поднесуваат барања секој втор месец, а исплатата ќе се врши на 60 дена. 

 

Методија Трајков