Формирана предизборна коалиција предводена од СДСМ за локалните избори

14.09.2017 10:51

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека Коалицијата која настапи заеднички на парламентарните избори, сега е проширена со уште партии кои, како што додаде, решиле да ги поддржат промените што носат живот во Македонија.

22 политички партии кои се во Коалицијата предводена од СДСМ, потпишаа Договор за заеднички настап на локалните избори. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека Коалицијата која настапи заеднички на парламентарните избори, сега е проширена со уште партии кои, како што додаде, решиле да ги поддржат промените што носат живот во Македонија.

„Сменета е политичката клима во државата. Ослободени се граѓаните. Се чувствува вербата во промените. Граѓаните од целото општество, од сите сфери, ја имаат шансата да учествуваат во промените и го прават тоа. Затоа убеден сум, оваа предизборна коалиција, по промените на централно ниво, ќе донесе промени и на локално ниво, на локалните избори на 15-ти октомври и ќе донесе живот за сите граѓани во нашата заедничка, преубава, Република Македонија“, изјави Заев.

Саша Богдановиќ е кандидат на СДСМ во Центар. Андреј Жерновски ја повлече кандидатурата.