Врховниот суд ќе расправа за Звонко Костовски и за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ
Врховниот суд на денешната седница треба да се расправа за Барањето за заштита на законитоста поднесено од СЈО за пресудата за шестообвинетиот во случајот „Пуч“, Звонко Костовски. Врховните судии ќе одлучуваат и по барањето на СЈО да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ...

Советот на Врховниот суд ќе расправа за Барањето за заштита на законитоста, поднесено од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за пресудата за шестообвинетиот во случајот „Пуч“, Звонко Костовски.
Со пресуда на скопскиот Кривичен суд, поранешниот вработен во УБК, беше прогласен за виновен, бидејќи од 2010-та година неовластено ја користел опремата на МВР за следење на комуникациите и во неа внесувал телефонски броеви на политичари и други јавни личности.
Костовски се спогоди со Јавното обвинителство, ја призна вината и доби затворска казна од три години. СЈО во декември 2015-та го презеде предметот „Пуч“, во кој беа обвинети и лидерот на СДСМ, Заев, вработениот во УБК, Лазаревски, поранешниот директор на УБК, Верушевски и неговата сопруга.
Во јануари годинава, СЈО се откажа од обвиненителниот акт за „Пуч“, со образложение дека тој е во целосна спротивност со доказите обезбедни во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“.
Врховните судии денеска треба да одлучуваат и по барањето на СЈО да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи претходно Кривичниот суд го одби ова барање.
СЈО изрази сомнеж дека имотот на ВМРО-ДПМНЕ е стекнат на незаконски начин, порадишто побара негово замрзнување.
