Собранието објави оглас за нов државен јавен обвинител

14.09.2017 12:29

Собранието по предлог на Владата, го огласува именувањето на јавниот обвинител во „Службен весник на Република Македонија“. Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од објавување на огласот.

Собранието го објави огласот за именување нов државен јавен обвинител, по разрешувањето на Марко Зврлевски. Официјално со ова почнува рокот од 15 дена за пријавување на заинтересираните кандидати за функцијата.

Собранието по предлог на Владата, го огласува именувањето на јавниот обвинител во „Службен весник на Република Македонија“. Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од објавување на огласот.

Советот на јавни обвинители, пак, има рок од 15 дена од денот на прием на документите да даде позитивно или негативно мислење за сите пријавени кандидати. Потоа, постапката продолжува во Владата која на седница ги разгледува кандидатурите, вклучително и мислењето од Советот на јавни обвинители и треба да донесе одлука за еден од кандидатите за кој претходно постои позитивно мислење од Советот.

Потоа одлуката оди во Собрание како предлог- решение, а истовремено се доставува и мислењето на Советот на јавни обвинители.

За именување на јавен обвинител, Собранието одлучува со просто мнозинство од 61 глас.