Наскоро подобри работни услови за вработените во затворите
Договорено е да има и претставник на Синдикатот во работната група која ќе работи на измени на Законот за извршување на санкции. Ова, како што рече Грујовски, им дава за право да веруваат дека ќе се изработи подобар закон бидејќи ќе бидат сослушани и предлозите на Синдикатот.

Наскоро се очекува решавање на проблемот со условите за работа на вработените во Казнено-поправните установи. Вакво уверување добил претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пеце Грујоски, на средбата со директорот на Управата за извршување санкции.
Договорено е да има и претставник на Синдикатот во работната група која ќе работи на измени на Законот за извршување на санкции. Ова, како што рече Грујовски, им дава за право да веруваат дека ќе се изработи подобар закон бидејќи ќе бидат сослушани и предлозите на Синдикатот.
По донесувањето на новото законско решение договорено е да се пристапи кон потпишување на колективен договор со што, како што изјави Грујовски, ќе се решат поголем дел од проблемите.
Грујоски рече дека ќе имаат средба во Министерството за информатичко општество и администрација за флексибилното работно време, бидејќи, како што истакна, секоја институција различно го толкува.
