ВМРО-ДПМНЕ: СДС не планира да спроведе фер избори
Спасовски спроведува полициска држава по нарачка на Заев во која сите институционални апарати кои треба да работат за граѓаните меѓу кои и МВР ќе работа само за подобар резултат на изборите на СДС...

Заев нарача, Спасовски спроведува. На локалните избори на 15-ти октомври, СДС не планира да спроведе фер избори, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија велат дека Спасовски спроведува полициска држава.
Спасовски спроведува полициска држава по нарачка на Заев во која сите институционални апарати кои треба да работат за граѓаните меѓу кои и МВР ќе работа само за подобар резултат на изборите на СДС, изјави на денешната прес-конференција Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Стравот е чувство кое разорува, а во нашиот случај стравот од пораз на изборите на СДС целосна ја разорува македонската држава. Стравот ги разорува институциите и ја партизира полицијата. Наместо професионални институции и професионална полиција добивме партиска полиција која работи по наредба на Заев- велат од опозициската партија.
