Скопје

Посебен сообраќаен режим поради натпреварот Вардар- Зенит

14.09.2017 13:14

Ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Аминта Трети“, на потегот од крстосницата со улицата „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ до фудбалскиот стадион, информираат од МВР.

Поради меѓународниот фудбалски натпревар меѓу Вардар и Зенит, попладне од 17 часот околу Градскиот стадион ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Аминта Трети“, на потегот од крстосницата со улицата „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ до фудбалскиот стадион, информираат од МВР.

Ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.