Врховен суд расправаше за пресудата на Костовски, за имотот на ВМРО-ДПМНЕ ќе расправа в понеделник

14.09.2017 13:46

СЈО смета дека пресудата е незаконита и треба да се укине. Од Врховниот суд не соопштија кога ќе биде донесена и соопштена одлуката.

Во Врховниот суд на јавна седница расправа за барањето за заштита на законитоста поднесено од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за пресудата за шестообвинетиот во случајот „Пуч“, Звонко Костовски.

СЈО смета дека пресудата е незаконита и треба да се укине. Од Врховниот суд не соопштија кога ќе биде донесена и соопштена одлуката.

Скопскиот Кривичен суд во февруари 2015-та година донесе пресуда за поранешниот вработен во УБК, со образложение дека како службено лице во МВР од 2010 година неовластено ја користел опремата на МВР за следење на комуникациите и во неа внесувал телефонски броеви на политичари и јавни личности.Костовски ја потпиша спогодбата со Јавното обвинителство и се согласи за издржување затворската казна од три години.

Расправата за предметот „Талир“, односно за барањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, поради технички причини, е одложена и е презакажана за в понеделник.