Ибраими: Мандатот на член на ДИК не се одзема со измени или дополнување на Изборниот законик
Ибраими искажува чудење што самиот законодавец, не ги почитува законите и процедурите за нивно применување во пракса.

Членот на ДИК, Бедредин Ибраими со писмо до спикерот Џафери, мандатот на член на комисијата не се одзема со измени или дополнување на Изборниот законик.
Мандатот од пет години, според Ибраими, е стекнато право на постоечките членови на ДИК и не може да се одземе со измени и дополнувања на Изборниот законик на, како што наведува, скандалозен, противуставен и спротивно на вашиот Деловник, без притоа да се побара мислење од Влада и други надлежни органи во однос на основаноста на измените кои ги направивте, како и импликациите во однос на нивно применување во пракса.
Ибраими искажува чудење што самиот законодавец, не ги почитува законите и процедурите за нивно применување во пракса.
Собранието пред неколку дена донесе одлука за оглас за нов член во комисијата поради тоа што движењето БЕСА има повеќе пратенички мандати.
