Метео: Сончево и топло, максимална температура до 34 степени

14.09.2017 15:11

Надпросечно топлото време ќе продолжи до понеделник, кога се очекува извесно зголемување на облачноста, а од вторник локални врнежи од дожд...

Утре во Македонија ќе преовладува сончево, ведро и топло време со максимална температура до 34 степени. Во Скопје утре до 33 степени.

Надпросечно топлото време ќе продолжи до понеделник, кога се очекува извесно зголемување на облачноста, а од вторник локални врнежи од дожд и пониски температури.

 

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска