Општа расправа за Законот за употреба на јазиците
Во Собранието и денеска на моменти вжештена атмосфера за Предлог- законот за јазиците. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека е противуставен. Од спикерот Џафери побараа негово повлекување од собраниска процедура. По едночасовна пауза, почна општата расправа. Законот се носи во предизборие, како што рече Димовски, под притисок на ДУИ кон СДСМ. Од мнозинството возвратија, македонскиот јазик не е загрозен...

Со Законот за употреба на јазиците почна спроведувањето на Тиранската платформа, обвинуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, предложеното решение е неуставно и е надвор од рамоковниот договор.
Пратениците од власта побараа опозицијата да се вклучи во дебатата за законот и да престане со сценаријата за наводно разнебитување на Македонија, преку кои сака да стекне дневно- политички профит.
Расправата за Законот за употреба на јазиците ги поттикна пратениците од Коалиција „За подобра Македонија“ да испратат отворено писмо до спикерот Џафери, во кое наведуваат дека се прекршени повеќе членови од Деловникот за работа на Законодавниот дом.
Бараат да запре процедурата, а за предложеното решение да се отвори дискусија во која ќе учествуваат експерти од различен профил.
Анита Димитријевска
