Фудбал

„Вардар“ ја почнува трката за бодови во групната фаза во Лига Европа

14.09.2017 16:01

Посебен ден за македонскиот фудбал. Една наша екипа конечно во групна фаза од европските купови. Против руски „Зенит“, шампионот „Вардар“ ја почнува дебитантската приказна во УЕФА Европа лигата. Победа за „Вардар“ или најмалку нерешено- очекуваат оптимистички навивачите на македонскиот фудбалски првак...

„Вардар“ ја почнува авантурата во групната фаза од Лига Европа. Македонскиот шампион вечер го пречекува силниот тим на „Зенит“ кој е лидер во руското првенство. Нема што да се загуби, може само да се добие- велат фановите на „Вардар“.

„Црвено- црните“ ќе се обидат да ја израдуваат домашната публика. Поддршка ќе имаат од трибините, фановите се мобилизираат и најавуваат одлична атмосфера на арената „Филип Втори“. Типувањата се дека „Вардар“ или ќе победи или ќе одигра нерешено.

„Очекувам победа за Вардар, ние сме за Вардар и очекуваме сигурна победа.“

„Очекувам средбата да заврши нерешено, Вардар е добар клуб, има квалитет, но треба многу работа. Во Зенит пак се инвестирани многу пари.“

„Посакувам сѐ најдобро за Вардар, но што ќе биде ќе видиме. Имам надеж дека ќе победиме.“

„1:1 ќе заврши.“

„Нерешено ќе заврши 1:1“- велат фановите кои ги анкетиравме.

Поголем дел од улиците кои водат кон стадионот ќе бидат затворени за сообраќај.

Поради фудбалскиот натпревар Вардар- Зенит воведен е посебен сообраќаен режим. Ограничено е движењето на возилата по улиците што водат кон фудбалскиот стадион, пристап ќе имаат само возилата со акредитација.

 

Андријана Атанасовска