Министерката Шеќеринска со отчет за сработеното во првите сто дена
„Членството во Алијансата е приоритет, оттаму и реформите кои ќе ги спроведеме се наменети за подобрување на стандардите на Македонската армија“- министерката за одбрана, Шеќеринска за сто дена влада. Вели дека земјава повторно е кредибилен субјект...

За сто дена вратен е фокусот на клучните реформи кои се поврзани со членството во НАТО, а земјава е повторно кредибилен субјект, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во нејзиниот отчет за првите сто дена од назначувањето во централната власт.
Членството во Алијансата е приоритет, оттаму и реформите кои ќе ги спроведеме се наменети за подобрување на стандардите на Македонската армија- рече Шеќеринска.
Министерката за одбрана посочи- нејзиниот тим наишол на празна каса во одбраната. Над 128.000 евра и 234.000 долари за аванси за патувања, вработените не ги вратиле во министерството.
Крајна цел се достоинствените услови за работа во Армијата, вели Шеќеринска. Наскоро ќе се набават 3.000 панталони за војниците, а следната година, комплетната војничка опрема ќе се замени со нова.
Миле Ристески
