В понеделеник анализа на борбената готовност

15.02.2014 13:53

В понеделник, во Домот на Армијата на Република Македонија во Скопје, ќе се одржи брифинг за борбената готовност на АРМ за 2013 година.

Пресекот на борбената готовност е редовна обврска на Генералштабот на АРМ до Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили. Претседателот Ѓорге Иванов ќе биде информиран за реализацијата на ланските планови и задачи,  кои се однесуваат на персоналниот менаџмент, заштита на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските и комуникациите и буџетирањето. На брифингот,покрај Претседателот и Врховен командант ќе присуствуваат и Министерот за одбрана Талат Џафери, Началникот на ГШ на АРМ  генерал-потполковник Горанчо Котески, клучниот персонал во Министерството за Одбрана и ГШ на АРМ, како и командантите на потчинетите команди.