Коѕијас и Гутереш разговарале за прашањето за името

18.09.2017 10:34

Во врска со проблемот што го има Грција со нашето уставно име и разговорите со посредништво на медијаторот Метју Нимиц, Коѕијас рекол дека постои отворен прозорец за можности да се разговара по завршувањето на локалните избори во октомври и доколку, како што истакнал, соседната земја го напушти иредентизмот.

Прашањето за името, Кипар и реформите во Обединетите Нации, главни теми на синоќешниот разговор меѓу грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.

Во врска со проблемот што го има Грција со нашето уставно име и разговорите со посредништво на медијаторот Метју Нимиц, Коѕијас рекол дека постои отворен прозорец за можности да се разговара по завршувањето на локалните избори во октомври и доколку, како што истакнал, соседната земја го напушти иредентизмот.

Генералниот секретар Гутереш ги поздрави обновените напори за изнаоѓање решение за спорот за името, се вели во дописот од прес- службата на Обединетите Нации.