Прво рочиште за „Сопот“ откако СЈО го презеде случајот
Во шестмесечниот извештај што СЈО го достави до Собранието и до Советот на јавните обвинители е наведено дека бил извршен увид во списите од предметот и дека се бараат дополнителни документи.

Во скопскиот Кривичен суд е закажано рочиште за случајот „Сопот“, прво откако Специјалното јавно обвинителство го презеде предметот. Во шестмесечниот извештај што СЈО го достави до Собранието и до Советот на јавните обвинители е наведено дека бил извршен увид во списите од предметот и дека се бараат дополнителни документи.
Во случајот „Сопот“, 11 жители од кумановското село беа осудени за тероризам на вкупна затворска казна од 150 години. Се товареа дека во март 2003-та подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево- Сопот, при што загинаа двајца припадници на полскиот контингент на НАТО и еден цивил.