Неуспешен референдум во Ново Село

18.09.2017 10:57

Жителите на општината се изјаснуваа дали се за или против изградба на рудникот за бакар и злато Иловица на Огражден.

Неуспешен референдумот во општина Ново Село, бидејќи не е исполнет потребниот цензус на излезеност од 50 насто, плус еден од запишаните 11.432 граѓани. Жителите на општината се изјаснуваа дали се за или против изградба на рудникот за бакар и злато Иловица на Огражден.

Ова беше шестиот референдум на југоистокот од земјава. Претходно, референдумите во Гевгелија, Богданци и во Дојран беа успешни, а, пак, во Валандово и во Босилово, пропаднаа поради немање цензус.