Одложено рочиштето за случајот „Сопот“

18.09.2017 12:44

Обвинителката Фетаи не открива детали како ќе го води случајот. Одбраната бара повлекување на обвинението...

Во скопскиот Кривичен суд одложено рочиштето за случајот „Сопот“, што го презеде Специјалното јавно обвинителство, поради службени обврски на претседателот на Советот. Обвинителката Фетаи не открива детали како ќе го води случајот.

„Рано е да се зборува за било каква понатамошна одлука. Судењето е одложено за 9-ти октомви, ќе бидете присутни и ќе следите што се случува“- изјави обвинителката Фетаи.

Одбраната бара повлекување на обвинението, според кое 11 жители од кумановското село беа осудени за тероризам на вкупна затворска казна од 150 години.