Тепачка и скршен нос во турскиот парламент

15.02.2014 14:22

Турските пратеници го усвоија спорниот пакет судски реформи, на што му претходеше и тепачка, во која еден од парламентарците остана и со скршен нос.

Владата според реформите ќе го контролира Врховното тело на Судии и Обвинители, кое ќе биде во надлежност на министерството за правда. Законските измени беа дебатирани целата измината ноќ во парламентот, со многу жолчни расправии, тепачки и турканици. Судскиот совет на Турција и натаму смета дека овие реформи, предложени од премиерот Ердоган,  се неуставни. Во тепачката во Парламентот, скршен му е носот на еден од пратениците од опозицијата. Реформите се одговор на Ердоган на истрагата за корупција во највисоките тела на турската влада, во која беа вплеткани министри и нивните синови. Ивалството меѓу Ердоган и неговиот поранешен сојузник Ѓулен, влијателен происламист е се поголемо. Фетулах Ѓулен е во егзил во САД, но по негова сопствена волја.