Премиерот Заев на 72 Генерално собрание на ОН во Њујорк

19.09.2017 08:43

Премиерот Заев синоќа присуствуваше на настан организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп за приклучување кон политичката декларација за реформата на ОН, каде оствари кратка средба со американскиот претседател.

Премиерот Зоран Заев денеска ќе присуствува на свеченото отворање на 72-то Генерално собрание на Обединетите нации. Предвидено е Заев да се обрати на Генералната дебата на 22-ри септември.

Премиерот Заев синоќа присуствуваше на настан организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп за приклучување кон политичката декларација за реформата на ОН, каде оствари кратка средба со американскиот претседател.

Владиниот кабинет соопшти дека на средбата премиерот Заев изразил поддршка за иницијативата преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН и посакал успешен старт на реформите на организацијата на ОН.

Владина делегација предводена од премиерот Заев синоќа се сретна и со претставници од иницијативата Македонија 2025, со лидерите на Обединетата Македонска Дијаспора и со претставници на Форум за Демократска Македонија.