Средба Димитров- Шенон

19.09.2017 10:49

Изразена е поддршка за политиката на македонската влада, како и за позитивниот пристап кон нашите соседи. Димитров побарал Македонија да стане 30-та членка на Северноатлантската алијанса.

Шефот на македонската дипломатија кој е дел од делегацијата предводена од премиерот Заев на генералното собрание на ОН, се сретна со потсекретарот за политички прашања во американскиот Стејт Департмент, Томас Шенон.

Изразена е поддршка за политиката на македонската влада, како и за позитивниот пристап кон нашите соседи. Димитров побарал Македонија да стане 30-та членка на Северноатлантската алијанса.

Македонските стратегиски цели секогаш ќе бидат поддржани од САД- потенцирал американскиот потсекретар.