Собранието ќе расправа за Законот за стечајци

19.09.2017 10:12

Попладнево продолжува и 15-тата седница во која главна точка е Законот за употреба на јазиците...

Во Собранието денеска продолжува 12-тата седница на која ќе се расправа за Предлог-законот за стечајците поднесен од владејачката коалиција.

Попладнево продолжува 15-тата седница во која главна точка е Законот за употреба на јазиците, документ кој е со европско знаеменце и за кого не треба двотретинско мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ веќе најави дека нема да гласа за законот, поради како што велат во партијата, неговата противуставност.