Одложено судењето на напаѓачот на Шекеринска во Собранието

19.09.2017 14:28

Во Основниот суд Скопје 1 денеска беше одложено судењето против Панче Ангелов, за нападот врз Радмила Шекеринска во Собранието на 27-ми април годинава...

Почна судскиот процес против пензионерот Панче Ангелов, кој на 27-ми април ја влечеше за коса сегашната министерка Радмила Шекеринска, нанесувајќи и потрес на мозокот, расекотини и повреди на вратот.

Неговиот бранител поставен по службена должност, побара од судот време за советување, бидејќи како што изјави до сега со обвинетиот не успеал да се сретне.

Оштетената министерка најави отштетно побарување, а за висината рече дека ќе се произнесе во текот на постапката.

Новото рочиште е закажано за 6-ти октомври 2017-та година.