Метео: Утре променливо обчачно и посвежо

19.09.2017 14:30

Ќе дува повремено засилен југозападен ветер на моменти со брзина до 65 километри на час.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд на места проследени со ретки грмежи.

Ќе дува повремено засилен југозападен ветер на моменти со брзина до 65 километри на час.

Максималната температура на југоисток ќе достигне до 33 степени. Во Скопје утре до 28 степени.

 

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска