Бурна собраниска расправа за Законот за употреба на јазиците
Опозицијата обвинува дека целта е да се воведе двојазичност низ целата земја. СДСМ побара да престанат сценаријата за наводно разнебитување.
Пратениците од опозицијата бараат јавна расправа за Законот за јазиците и негово усогласување со Уставот и со Рамковниот договор. Реагираа и на одлуката тој да се предложи со европско знаменце. Целта е да се воведе двојазичност на целата територија на државата, рече Трајчо Димков. Барајќи да се повлече предлог - законот, рече дека пратениците од СДСМ иако велеа дека предлогот е транспарентен, се повлекоа од дискусиите. Според него, овој предлог не ги решава проблемите, туку напротив ќе го зголеми јазот меѓу граѓаните.
Повторно вербална расправа меѓу спикерот Џафери и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Џафери побара од Милошоски да говори за потребата од носење на Законот за јазиците. Исклучување микрофони, дофрлување од место.
Во на моменти тензична атмосфера, од СДСМ побараа да престанат сценаријата за наводно разнебитување на Македонија преку кои сака да стекне дневно-политички профит. Уставот не е загрозен, рече Петар Атанасов.
Предлог- законот за употреба на јазиците, кој е со европско знаменце, претходните денови доби зелено светло од комисиите за европски прашања и за политички систем.
Милчо Велески