Цената на пченицата на берзите во благ пораст
Годинава родот кај житните култури потфрли и тоа не само кај нас туку и во целиот регион. Берзанските цени на пченицата во соседните земји и во Европа се без поголеми отстапувања во однос на македонската пченица за која се нуди 9,2 денари за килограм.

Реколтата оваа година и кај нас и во регионот донесе нискиот принос кај скоро сите земјоделски култури.
Таква е состојбата и на полињата со жито. Помалата понуда од другастрана донесе и повисоки откупни цени со кои барем ќе се покријат производствените трошоци.
На движењето на цената на пченицата, големо влијание имаат берзите во соседството, односно во Србија, Унгарија и во Хрватска.
На Новосадската цената на пченицата се движи од 9,10 до 9,35 денари за килограм или повеќе за 1,2 проценти во однос на минатата недела.
Во Хрватска, откупната цена на пченицата е од 8,6 до 9,4 денари во зависност од класата на пченицата. Цената во Унгарија, пак, е 8 ипол денари.
Просечната откупна цена на меркантилна пченицата во Македонија за месец септември изнесува 9,29 денари за килограм.
Методија Трајков
