Собрание

Продолжува расправата за Предлог- законот за употреба на јазиците

20.09.2017 10:52

Пратениците синоќа до доцна расправаа по овој закон и имаа поделени мислења за него.

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 15-тата седница треба да ја продолжи расправата по Предлог- законот за употреба на јазиците.

Пратениците синоќа до доцна расправаа по овој закон и имаа поделени мислења за него. Опозицијата обвини дека законот е неуставен и со него се кршат процедурите, а се дискриминираат и помалите етнички заедници. За парламентарното мнозинство, пак, законот не го нарушува унитарниот карактер на државата и ќе допринесе за зголемување на соживотот во државата.

Пред продолжението на 15-тата седница, Собранието ќе ја одржи 16-тата седница на која ќе расправа по измените на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци- Штип со кој со анекс на договорот се предвидува продолжување на рокот за изградба на овој патен правец. Пролонгирањето на изградбата нема да има дополнителни финансиски импликации врз Буџетот.