Продолжува дебатата за Предлог- законот за употреба на јазиците
Продолжи дебатата за Предлог- законот за употреба на јазиците. Опозицијата бара негово повлекување и јавна расправа. Власта уверува дека нема да има двојазичност на целата држава...
Законот за јазици покрај на широка дискусија треба да се стави и на референдум за да се види што граѓаните мислат за предложеното, рекоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на новото собраниско продолжение. Законот е противуставен и со него се замајува јавноста од направените криминали, смета опозицијата која посочува проневера на 6 милиони евра во Струга и провизија од 450.000 евра во Чаир.
Законот за употреба на јазиците нема да ја наруши безбедноста, во согласност е со Уставот и обезбедува целосна граѓанска еднаквост- сметаат пратениците од власта.
Низа протоколарни излагања и на денешната седница. На нив, но и на дел од репликите одговараше и спикерот Џафери.
Дебатата за законот за употреба на јазиците продолжува.
Миле Ристески