Акомпласт ја отвора фабриката во Прилеп
21.09.2017 10:47
Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев ќе го означи почетокот на работата на фабриката.

Германската компанија Акомпласт отвора фабрика за автомобилски делови во Прилеп, Injection Moulding Prilep-IMP, во тамошната технолошко индустриска зона Алинци. Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев ќе го означи почетокот на работата на фабриката.
По отворањето на фабриката вицепремиерот Анѓушев ќе учествува на работен состанок со Регионалните комори на Прилеп и Битола при Стопанската комора на Македонија.
