Продолжува дебатата за Законот за јазици, ставовите остануваат непроменети
Во Собранието ново продолжение на расправата по предлог- законот за употреба на јазиците. Ставовите на опозицијата и на власта непроменети. Едните тврдат дека предлогот е противуставен и дека се воведува двојазичност на целата територија на државата, а другите, пак, дека нема кршење на Уставот, се имплементира амандманот 5 и се унапредува употребата на јазикот на заедниците...
Аргументи, реплики, контрареплики за и против Предлог - законот за јазиците. Опозицијата обвинува дека е неуставен и спротивен на Деловникот. Побара да се прекине расправата и да се отвори експертска дебата. Од мнозинството, пак велат дека опозицијата тргнала во погрешен правец и живее во илузија.
Со Законот за јазиците се прави обид да се прикрие криминал, и е во корист на претстојните локални избори, сметаат од опозицијата. Во расправата за тоа кој и колку лица вработил, пратениците си разменија вербални обвинувања и за имотите.
Народните избраници од понеделник одат на принуден одмор. Стартува изборната кампања.
Наташа Гркова- Петрушевска