Пјонгјанг: САД ќе горат во пламен ако ја нападнат Северна Кореја
25.09.2017 15:06
Видеото покажува симулирана акција во која севернокорејски ракети напаѓаат американски борбени авиони и бродови на американската воена морнарица.

САД ќе горат во пламен ако ја нападнат Северна Кореја, гласи пораката во најновото пропагандно видео што го објавија севернокорејските медиуми како предупредување до Вашингтон.
Видеото покажува симулирана акција во која севернокорејски ракети напаѓаат американски борбени авиони и бродови на американската воена морнарица.
На крајот од видео пораката се наведува „САД ќе горат во пламен“.