ВМРО-ДПМНЕ: Притворот за Темелко- одлука под притисок на СДС

26.09.2017 15:20

Повторно беше активирана партиската испостава на СДС – СЈО, кое побара притвор на Едмонд Темелко, а судството под притисок на СДС донесе одлука за прифаќање на нивното барање, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Стравот и нервозата од изборниот пораз на СДС се видливи на секое можно поле. Токму затоа повторно беше активирана партиската испостава на СДС – СЈО, кое побара притвор на Едмонд Темелко, а судството под притисок на СДС донесе одлука за прифаќање на нивното барање, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека од една страна спротивно на законот, СДС и Зоран Заев пуштаат на слобода осудени криминалци, од друга страна политички монтираат случаи и бараат притвори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.