Трајановски претстави проекти од инфраструктурата за Скопје
Кандидатот за градоначалник на Скопје, Коце Трајановски претстави проекти од инфраструктурата за главниот град...
Инфаструктурата е многу важен фактор во функционирањето на градовите, па затоа во мојата изборна програма предвидени се голем број проекти за изградба на улици и патишта во Град Скопје- изјави денеска кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски.
„Еден од тие проекти е токму овој, т.е. втората фаза од булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ почнувајќи од „Натанаил Кучевишки“ до Заобиколница. Веќе е изграден првиот дел, кој што е од булеварот „Босна и Херцеговина“ до „Натанаил Кучевишки“ и на тој начин ќе се спои, ќе има влез и излез на Заобиколницата. Со изградбата на овој булевар ќе се овозможи на жителите на општина Бутел, на општина Чаир, на општина Гази Баба и на соседните општини да имаат побрз и поефикасен влез и излез на Заобиколницата“, истакна Трајановски.