Камен- темелник на нова фабрика на „Чагатај Кабло“ во Бунарџик

27.09.2017 11:29

Инвестицијата се проценува на шест милиони евра и со неа ќе се отворат околу 200 директни вработувања. Главни клиенти на компанијата се водечките производители на автобуси, меѓу нив белгискиот „Ванхол“...

Турската компанија „Чагатај кабло“ денеска во ТИРЗ Бунарџик ќе постави камен-темелник за изградба на нова фабрика. Инвестицијата се проценува на шест милиони евра и со неа ќе се отворат околу 200 директни вработувања.

Главни клиенти на компанијата се водечките производители на автобуси, меѓу нив белгискиот „Ванхол“, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила- „Мерцедес“, клима уреди (греење, вентилација и климатизација), машини за чистачи, специјални аеродромски возила.

Годишниот капацитет на „Чагатај кабло“ надминува 200 илјади километри кабли за напојување и за батерии.

„Чагатај Кабло“ е основана во 1998 година. Произведува жици и кабли претежно за потребите на автомобилската индустрија.