Судот ги одби „бомбите“ како доказ во случаите „Топлик“ „Тендери“ и „Тортура“

27.09.2017 13:41

Против овие решенија, кои не се правосилни, дозволена е жалба пред повисокиот суд...

Судиите од скопска единица кои вршат оценка на обвинителните акти за случаите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“ донеле решение телефонските разговори прибавени на незаконски начин да се издвојат од листите на докази, објави Кривичниот суд преку соопштение на својата веб- страница. Против овие решенија, кои не се правосилни, дозволена е жалба пред повисокиот суд.

Истовремено, Кривичниот совет го одби како неосновано барањето на обвинетиот Никола Груевски за враќање на пасошот, појаснувајќи дека против ова решение странките имаат право на жалба во рок од три дена пред Апелацискиот суд.