„Чагатај Кабло“ инвестира 4 милиони евра во Бунарџик
Четири милиони евра инвестира турската „Чагатај кабло“ во Бунарџик. Ќе произведува делови за возила. Менаџментот соопшти дека првата пратка ќе биде испорачана во април наредната година...

Првите производи од новата фабрика на турската компанија „Чагатај кабло“ што се гради во Бунарџик ќе бидат испорачани во април идната година. Каблите и комплетите за инсталирање, освен во автобусите на „Ванхол“ ќе се вградуваат и во фабриките на „Марцедес“, автомобилските компании во Турција, Европа, Велика Британија и во САД.
„Првата фаза од 7.000 квадратни метри од фабриката во Скопје ќе се гради со сопствени средства од 4 милиони евра, а подоцна инвестицијата ќе достигне 6 милиони. Првично ќе почне со 100 вработени, а подоцна нивниот број ќе достигне до 300“, изајви Ахмет Короглу, споственик на „Чагатај кабло“- Турција.
Целта на истанбулската компанија е да биде основен снабдувач на најголемите автомобилски фабрики во Европа и САД. Оваа инвестиција е потврда на одличните политички односи межу двете земји, нагласи амбасадорката на Турција во Македонија Тулин Еркал Кара.
„Турските инвестиции во Македонија во последниве години забележуваат стабилен развој и веќе ја надминаа бројката од милијарда евра. Тие инвестиции придонесуваат за развојот и за се поголемото вработување во Македонија“, изајви Тулин Еркал Кара, амбасадорка на Турција во Македонија.
Основен мотив за инвестирање во Македонија е потребата „Чагатај кабло“ да биде поблиску до еден од најголемите нејзини комитенти, фабриката за автобуси на „Ванхол“ во Бунарџик, во кои се вградуваат електрични инсталации произведени во истанбулската компанија, вели Ахмет Короглу.
Новата фабрика ќе користи државна помош според новите мерки од идната година, исто како и „Ванхол“ бидејќи ќе вградува компоненти произведени во земјава.
Свето Николовски
