Советот на јавни обвинители ќе го разгледува четвртиот извештај на СЈО

28.09.2017 11:08

СЈО на 15-ти септември го достави извештајот до Собранието на Република Македонија и до Советот на јавните обвинители на Република Македонија, согласно Законот.

Четвртиот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на дневен ред на денешната седница на Советот на јавни обвинители. На седницата поканета е обвинителката Катица Јанева.

СЈО на 15-ти септември, согласно Законот, го достави извештајот до Собранието и до Советот на јавните обвинители.

Извештајот претставува преглед на работата на СЈО во изминатиот шестмесечен период, од 15-ти март до 15-ти септември 2017-та година.