На 17-ти октомври пресуда за „Диво насеље“
28.09.2017 12:34
Денеска беше последно рочиште на кое обвинетите ги изнесуваа завршните зборови.

На 17-ти октомври ќе биде соопштена пресудата за кумановските настани, кога загинаа осуммина припадници на македонската полиција и десет лица од вооружената група.
Денеска беше последно рочиште на кое обвинетите ги изнесуваа завршните зборови. Во претходните рочишта, дел од обвинетите признаа дека биле дел од групата, други пак негираа дека се терористи.
Одбраната тврдеше дека нема цврсти докази за делото за кое се обвинети.
