Одложено рочиштето за случајот „Транспортер“ поради отсуство на една од обвинетите
Во обвинението кое го застапува Специјалното јавно обвинителство се наведени докази за незаконски организиран автобуски превоз со кој биле злоупотребени 360 илјади евра- пари од општинската каса.
Поради отсуство на една од обвинетите, во Кривичниот суд се одложи почетокот на судењето за случајот „Транспортер“. Во обвинението кое го застапува Специјалното јавно обвинителство се наведени докази за незаконски организиран автобуски превоз со кој биле злоупотребени 360 илјади евра- пари од општинската каса.
„Постапката ќе ја истераме докрај и ќе докажеме дека во нашето работење нема криминал. Ако сме грешеле ние, тогаш грешеле сите општини во Македонија“, изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Следното рочиште е закажано за 6-ти ноември.