Над 4,7 милиони Севернокорејци се пријавиле како доброволци во армијата
28.09.2017 14:43
Новинската агенција на Северна Кореја соопшти дека сите граѓани се подготвени да го заштитат својот лидер и социјализмот и да ги избришат американските империјалисти од лицето на земјата.
Севернокорејските државни медиуми објавија дека над 4,7 милиони Севернокорејци се пријавиле како доброволци во армијата, во текот на актуелните тензии со САД.
Новинската агенција на Северна Кореја соопшти дека сите граѓани се подготвени да го заштитат својот лидер и социјализмот и да ги избришат американските империјалисти од лицето на земјата.
Како доброволци се пријавиле студенти, работници, мажи и жени, а во Пјонгјанг се организирал и масовен митинг на кој се повикувало на „уништување на американската империја на злото со пет милиони атомски бомби“.