Локални избори 2017: Партиите на митинзи и средби со граѓани

29.09.2017 08:05

Коалицијата предводена од СДСМ ќе има средби со граѓани и собири во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево, додека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде во Зелениково, Сопиште и во скопските општини Бутел и Карпош.

Партиите, коалициите и независните кандидати кои ќе учествуваат на локалните избори на 15-ти октомври, денеска на петтиот ден од кампањата ќе одржат митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места низ Македонија.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе има средби со граѓани и собири во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево, додека коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде во Зелениково, Сопиште и во скопските општини Бутел и Карпош.

Демократската унија за интеграција ќе има предизборни активности во Студеничани.

Кампањата за првиот изборен круг почна на 25-ти септември, а ќе заврши на 13-ти октомври во 24 часот.