Повредениот во вооружениот инцидент во Кичево во критична состојба
Носителот на независната листа на советници во овој град, Алит Абази, е опериран. Има сериозни повреди и се држи во вештачка кома...

Повредениот во вооружениот инцидент во Кичево, носителот на независната листа на советници во овој град, Алит Абази, е опериран. Има сериозни повреди и се држи во вештачка кома.
Во завчерашниот напад, со повреди се здобија и шефот на неговиот изборен штаб и случаен минувач.
Од Основното јавно обвинителство велат дека 58-годишник од кичевско Горно Строгомиште им испукал неколку куршуми од зад грб. По нападот, тој веднаш е приведен.
Оружјето е пронајдено и одземено, чаурите се подигнати и предадени на вештачење. Полицијата поднесе кривична пријава за обид за убиство, неовластено изработување, држење и тргување со оружје.
Има предлог за определување мерка притвор.
