УХМР: Нов влажен бран од средината на наредната недела

29.09.2017 10:57

Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната од 12 до 18 степени...

Продолжува облачното и свежо време. Денеска на западот и југот повремен локален дожд, а во североисточните делови ќе има сончеви периоди.

Утре на повеќе места ќе има зголемена облачност, но ќе биде суво. Во текот на денот ќе биде посончево и малку потопло, но со пониски утрински температури. Нов влажен бран се очекува од средината на наредната недела.

Во Скопје слично време, променливо облачно и посвежо со кратки сончеви периоди.