МААЕ: Северна Кореја постигна брз напредок во изработката на оружје
29.09.2017 12:08
Јужна Кореја посочи дека Северна Кореја може да преземе дополнителни провокации со приближувањето на годишнината од основањето на Севернокорејската комунистичка партија...

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Јукијо Амано изјави во Сеул дека шестиот нуклеарен тест на Северна Кореја, спроведен на 3-ти септември, покажува дека изолираната земја постигнала брз напредок во изработката на оружје.
Според него, МААЕ не е во состојба да утврди дали Пјонгјанг тестирал хидрогенска бомба.
Јужна Кореја во вторникот посочи дека Северна Кореја може да преземе дополнителни провокации со приближувањето на годишнината од основањето на Севернокорејската комунистичка партија и конгресот на Комунистичката партија на Кина.