Продолжува процесот за случајот „Тврдина 2“

02.10.2017 12:55

Во изјава пред судот, сведок на СЈО изјавил дека обвинетиот му најавил дека ќе бидат палени документи во базата „Брест“ на МВР.

Во Основниот суд- Скопје 1 продолжи процесот за случајот „Тврдина 2“ во кој за уништување 20 илјади списи за масовното прислушување, во отсуство му се суди на обвинетиот ексначалник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, кој е во бегство.

Во изјава пред судот, сведок на СЈО изјавил дека обвинетиот му најавил дека ќе бидат палени документи во базата „Брест“ на МВР.

На почетокот на денешното рочиште, судијката на барање на одбраната и обвинителите ја исклучи јавноста од расправата поради изведување доверливи информации. 

На претходното рочиште беше кажано дека во овој случај сведок е и колегата на Грујовски од УБК, Никола Бошковски, кој, исто така, е во бегство.