Поедноставна процедура за добивање на помагала бараат пациентите со стома

02.10.2017 15:00

Во тек е формирање Стома центар при Клиниката за дигестивна хирургија, затоа што во земјава има над 1.750 пациенти со стома.

Поедноставување на административната процедура за подигнување на помагалата што им се неопходни на пациентите со стома кои треба да бидат со подобар квалитет, бара националното здружение на лица со стома „Илко Македонија“.

Во тек е формирање Стома центар при Клиниката за дигестивна хирургија, затоа што во земјава има над 1.750 пациенти со стома. Потребно е да се обезбедат повеќе средства во Фондот за здравствено осигурување и да се обезбедат поквалитетни ќеси за овие пациенти.

Стома е отвор кој се изведува на предната страна на стомакот со хирушка интервенција.  Отворот заменува дел од дигестивниот или уринарниот систем кај пациентите кои овие физиолошки потреби не можат да ги извршуваат по  нормалнен пат.