Рочиште за „Тврдина 2“, на Грујевски му се суди во отсуство
02.10.2017 16:02
Почна главната расправа за предметот „Тврдина 2“, за уништување документација поврзана со прислушувањето. Првообвинет е поранешниот прв човек на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски. Тој е во бегство, му се суди во отсуство...

Секретарка, вработена во УБК ја потпишала наредбата за уништување на документација поврзана со незаконското прислушување. Негираше вина - рече дека не знаела што потпишува. И кажале дека ист документ потпишале и другите секретарки.
На поранешниот началник на петтата управа Горан Грујовски му се суди во отсуство. Освен него, во случајот „Тврдина 2“ обвинети се уште шестмина вработени во УБК.
Анита Димитријевска
