Анкета
68 проценти од високообразованите би заминале во странство
03.10.2017 16:08
Висок процент на научни работници кои би заминале од земјава ако им биде понудена подобра работа во странство. Од Образование констатираат дека е потребна финансиска поддршка за истражувачки проекти...

Околу 68 проценти од научните работници, истражувачи и професори од општествените науки би заминале од земјава доколку им се понуди подобра работа, 20 насто веќе презеле конкретни активности, покажува анкетата на Институтот за стратешки истражувања и едукација.
Од Министерството за образование велат дека недостига финансиска поддршка за истражувачки проекти што може да влијае на кариерата на високообразовните кадри.
Анкетата била спроведена на државните и приватните универзитети и во реномирани истражувачки институти.
Дијана Ценевска
