Пожар во семејната куќа на кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Мисајловски
03.10.2017 15:40
Во пожарот е причинета материјална штета, а при негово гаснење повреден е еден пожарникар.

Пожар избувна во семејната куќа на кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Во пожарот е причинета материјална штета, а при негово гаснење повреден е еден пожарникар.
Според најновите информации, пожарот е целосно изгаснат и во моментов се врши увид. Причините за пожарот сè уште се не познати.
